ОРГАНСКО ЃУБРИВО ФЕРТИСОЛ 4-3-3 +1.3МгО со 62% органска материја

Комеко Б.В. е Холандска компанија која е лидер во преработката на органско ѓубриво во компостирани пелети и гранули.Врз основа на високата содржина на органска материја.

Комеко органските ѓубрива ја подобруваат структурата на почвата, капацитетот за апсорбција на влагата во почвата, а со тоа се зголемува плодноста и се задржува балансот на природните содржини и на самите процеси во почвата.

Принципот на “споро ослободување” на хранливите материи со долгорочен ефект и висока ефикасност, обезбедува постојан и континуиран проток на храна.Комеко користи иновативна техника за компостирање, која постојано се развива.

Органското ѓубриво се компостира на биолошки начин, обезбедувајќи целосно уништување на штетните бактери, несакани габи, патогени како и плевели односно семиња.

Поволните НПК вредности како и фактот дека е без мирис кои произлегува од процесот на компостирање а сепак со најголем процент на органска материја говорат за квалитетот на производите.

Фертисол е органско гранулирано ѓубриво добиено од пилешко ѓубриво.

Фертисол е гранулирано органско ѓубриво во пелети добиено од ѓубриво од живина. Компостираниот гранулат е совршено прилагоден за производство на градинарски култури, овошни дрвца, украсни градини, тревници и цветни култури. Врз основа на високата содржина на органска материја, гранулата ја подобрува структурата како и капацитетот на абсорпција на влага на почвата и обезбедува плодна рамнотежа на природните системи на почвата и природно збогатување на почвата , со што се задржува постојаната рамнотежа во почвата.

Фертисол има поволна N-P-K вредност од  4-3-3 + 1,3 MgO.

Својства:

  • N-P-K+ MgO : 4-3-3 + 1,3 MgO
  • Ја подобрува структурата на почвата
  • 100% органски и еколошки производ
  • Обезбеден без додаток врз основа на процесот на компостирање
  • Без патогени: нема бактерии и несакани мувли и габи
  • Не содржи семе од плевели
  • Има значителен капацитет на абсорпција на влага
  • Има константен проток на храна базиран на бавно ослободување на хранливи материи што резултира со долгорочен ефект и високо ниво на ефикасност
  • Минимално измивање на минерални елементи поради високата содржина на органски азот
  • Не предизвикува подгорување на растенијата поради исклучително ниската содржина на амонијак
  • Содржи важни хранливи материи и приближно 60% органска материја
  • Содржи калциум,магнезиум и има висока содржина на микроелементи
  • Не формира прашина
  • Нема непотребен раст на мов
  • Лесна и точна дистрибуција и примена
  • Применливо за секаков вид на почви, во секоја сезона под услов почвата да не е замрзната

Состав:

 

Пакување:

Вреќа 25 Кг.

Подготовка:

Распределете ја означената количина рамномерно на делот кој треба да се наѓубри. Користете го ѓубривото по можност кога се очекува дожд или доколку површината е влажна. Може да се применува за било каков вид на почва, во било која сезона, доколку почвата не е замрзната. Доколку подигате нова градина можете да аплицирате 0,5 кг. За 1 м2 површина. Кај украсните дрвја доколку садите нови или ги преместувате може да додадете 0,5 кг. Во дупката.

Дозација: