Како резултат на 15-годишното искуство стекнато во агро-бизнисот и желбата да се направи еден поинаков чекор во земјоделието во 2014 година дипл. Земј. Инж.Сашо Петровски и  дипл. Земј. Инж. Стево Трајкоски ја основаат компанијата Агроплант Мил д.о.о.

Команијата е посветена на снабдување на земјоделските производители со репроматеријали како системи за наводнување капка по капка,органски ѓубрива, семенски компир, контејнери за расад, квалитетен семенски материјал за градинарството …. 

Нашата соработка со неколкуте компании од Италија, Германија, Холандија, Америка, Грција… постојано расте.  

Седиштето е во Стајковци – Скопје место каде што е најголемото градинарско производство во овој регион се со цел да бидеме постојано и блиску до земјоделците за да ги согледаме секојдневните проблеми и да им понудиме соодветни решенија.   

 Како резултат на долгогодишното искуство и големата мрежа на пријатели и соработници која ја имаме ни овозможува како компанија да се издвоиме во делот на целосната техничка подршка што ја нудиме и што ја добиваат земјоделците во текот на целото производство како и воведување на нови агротехнички мерки за олеснување на самото производство.  

Нашата борба е да се добие поголем принос на квалитетен производ по сите стандарди со оптимизиран труд. Нашата цел е да имаме задоволни клиенти со кој ќе развиваме заеднички интереси и долгогодишна взаемна доверба.